Уште еден МЕГА СКАНДАЛ предизвикаа режимските прдежи задолжени за затворање на очите пред корупцијата: Новинарите-„закана за безбедноста“ на ДКСК

0
504

Дали Државната комисија за спречување на корупцијата од институција законски обврзана да се бори против корупцијата станува најголем нејзин заштитник? Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија по втор пат се соочува со вистинска голгота при поднесување на барања според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

„Вие сте закана за безбедноста на институцијата и не можете да влезете внатре“. Овој непријатен одговор го доби екипата на СКУП-Македонија од лице кое се претстави дека е шефот на обезбедувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 6 април 2016 година. Со ова, новинарите беа спречени да поднесат барање за слободен пристап до информациите, согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Голготата на СКУП во ДКСК започна на 6 април 2016 година околу 11 часот. Влеговме во објектот на улица Даме Груев бр. 1, каде на вратата нé пречека вработена како обезбедување во Комисијата во цивилна облека. По прегледување на личната карта нé запиша во книгата и нé праша „што бараме во Комисијата“.

И објаснивме дека сакаме да поднесеме барање за слободен пристап до информациите од јавен карактер до архивата на институцијата.

„Дајте ми го барањето, јас ќе го однесам до Архива“, беше последниот љубезен одговор што го добивме од вработената.

За не повеќе од 2 минути, лицето кое се претстави дека работи во Архивот на Комисијата со нашите барања се качи по скалите на вториот спрат, каде и се наоѓа кабинетот на претседателот на Комисијата, Горан Миленков.

После 10 минути, на пријавница се врати вработената од обезбедувањето, со нашето барање без архивски печат.

„Горан Лефков, вие сте од Кочани. Ќе заминете во Кочани и барањето ќе си го пуштите по пошта“, одговори вработената од обезбедувањето, враќајќи ни ги двата листа хартија кои требаше да бидат заверени во архивата на ДКСК.

На прашањето зошто не можеме да ги поднесеме директно во архива, таа револтирано одговори: „Епа не можеш да ги поднесеш овде, земи си ги листовите и оди жали се каде сакаш, во Собрание, во Влада, во суд“.

ДКСК, по се изгледа, не била вклучена во проектот промовиран од владата на екс-премиерот Никола Груевски, со кој „и беше ставен крај на шетањето од шалтер до шалтер“ на граѓаните. Според тој многу рекламиран владин проект, доколку не сте на вистинскиот шалтер, службеникот е задолжен да ве однесе на потребниот шалтер. Но, ова е за реклама, додека СКУП се соочи со поинаква реалност.

Инаку за 10 месеци, Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија поднесе 68 писмени барања и најмалку 20 обиди да поднесе усни барања, на кои скоро и да немаше ниту еден одговор.

Целиот текст ОВДЕ: СКУП