Friday, June 20, 2025
19.8 C
Skopje

УЧЕСТВО НА ПРАТЕНИЧКАТА ВАСИЛЕВСКА НА СОСТАНОК КАЈ ПОСТОЈАНИОТ КОМИТЕТ НА ПССЕ ВО МАЛТА

Пратеничката Иванка Василевска, во својство на заменик член на Делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа, учествува во работата на Постојаниот комитет, кој на 23 мај се одржува во Валета, Малта. Состанокот, на кој учествуваат околу 60 пратеници од 46-те земји-членки, го обележува почетокот на шестмесечното претседателство на Малта со Комитетот на Министрите на Советот на Европа.

Состанокот го отвори претседателот на ПС на СЕ, Теодорос Русопулос, по што следеше поздравен говор од Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Малта. Пратениците имаа можност да разменат мислења и со Јан Борг, вицепремиер и министер за надворешни работи и туризам, кои ги претстави приоритеите на малтешкото претседателство: подобрувањето на заштитата на децата и промовирањето на нивните најдобри интереси, потоа борбата против насилството и дискриминацијата и заштитата на човековото достоинство, како и зајакнување на улогата на младите и заштитата на демократијата и владеењето на правото.

Тој нагласи дека Малта претседава со Организацијата по четврти пат во нејзината историја и овојпат тоа се случува во годината кога државата ја слави својата 60-годишнина како полноправна членка на Советот на Европа, како и кога се одбележува 75 годишнината од Европската конвенција за човекови права, како прв обврзувачки меѓународен договор што ги вградува правата артикулирани во Универзалната декларација за човекови права и инструмент за заштитата на основните права и слободи на над 700 милиони луѓе на европскиот континент.

Постојаниот комитет усвои мислење за Нацртот на Третиот дополнителен протокол кон Европската конвенција за меѓусебна помош во кривичните прашања, ажурирајќи го постојниот договор што им овозможува на државите да соработуваат во борбата против криминалот. Исто така, се дебатираше и за извештајот за трошоците на Парламентарното собрание за периодот 2026-2027 година.

На состанокот се одржа и тркалезна маса за улогата на пратениците во активното јакнење на младите луѓе, на која беа разгледани начините како парламентите низ Европа можат да им помогнат на младите луѓе да имаат поголем глас во одлуките што ја обликуваат нивната иднина.

Пред почетокот на состанокот, Иванка Василевска учествуваше во работата на групата на Жените на ПС на СЕ – неполитичка, меѓупартиска, неформална платформа отворена за сите пратенички на Парламентарното собрание – на која беше поканета и поранешната претседателка на Малта, Мари-Луиз Колеиро Прека, која исто така беше пратеничка на ПС на СЕ од 2008 до 2013 година.

На средбата се дискутираше и беа разменти мислења за поголема вклученост на младите во политиката, за зајакната грижа за децата и поголема родова рамноправност.

Постојаниот комитет дејствува во име на Собранието помеѓу две пленарни сесии и во неговата работа учествуваат претседателот и потпретседателите на Парламентарното собрание, претседателите на вкупно пет политички групи, шефовите на 46 те национални делегации и претседателите на деветте комисии на Асемблејата.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

ИРАН ГИ БЕЛЕЖИ КАДЕ СЕ НАОЃААТ СИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Со повеќе од 40.000 американски војници распоредени низ Блискиот...

ДОДИК: ДОДЕКА ЈАС ЈА ВОДАМ РЕПУБЛИКА СРПСКА, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ