УЧЕНИЦИ ОД „ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ“ ДОНИРАА ПАРИ ЗА ТОПОЛ ОБРОК ЗА НИВНИТЕ ВРСНИЦИ

0
270

Ученици во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, донирале пари за да можат нивни врсници да си дозволат да имаат топол оброк додека се на училиште, беше објавено денеска на фан-страницата на хуманитарната организација „Проект среќа“.

Оваа акција ја иницирала наставничката Катерина Лазев од одделенито 4-2, која вели дека учениците во ова одделение веќе се навикнати да прават добри дела пред крајот на секоја календарска година.

„На ниво на одделение, секоја година пред Нова година, имаме хуманитарни акции. Годинава одлучив акцијата да биде баш ваква, со донации за топол оброк за дечињата во државата кои не можат да се хранат на училиште“, вели Лазев за Мета.мк.

Наставниците во ова училиште апелираат сите оние кои се во можност, да одвојат средства за оваа намена, на сметката на „Проект среќа“, која е направена специјално за донирање пари за топол оброк – 30000000463061.