Денеска во посета на Единицата за службени кучиња при Министерството за внатрешни работи беа учениците од шесто одделение од ООУ „Наум Наумовски – Борче“ – Гази Баба и Бобан Стефковски, градоначалникот на оваа скопска општина.
Гостите, придружувани од претставници на мојот кабинет, имаа можност да се запознаат со работата на оваа полициска единица и се што прават службените кучиња за безбедноста на граѓаните, вип лица и објекти како што е откривање експлозиви, оружје и забранети супстанци.
Потоа учениците присуствуваа на показна вежба на која полициските кучиња извршуваа наредби од своите тренери и во пракса пронајдоа експлозиви и оружје исто како што би било во реална ситуација. На крај учениците имаа можност да се дружат со најмалите кучиња кои се на почетокот на процесот на тренирање. Секако имаше и многу прашања кои се одговорија како: Дали едно куче може да пронаоѓа повеќе работи и оружје и дрога, кога почнува а кога завршува обуката на едно полициско куче, кој им ги дава имињата на кучињата, на кои полициските службеници одговорија со задоволство.
МВР преку вакви активности продолжува да ја доближува полицијата до граѓаните, а особено до помладите генерации прикажувајќи ја работата на различните сектори. Целта е јасна: повеќе доверба, поголема безбедност и заедничко учество во градењето на посигурна средина за сите!