Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

УЧЕНИКОТ ШТО ПАДНА ОД ПРОЗОРЕЦ ОД ТРЕТИ КАТ НА УЧИЛИШТЕ ВО ПРИЛЕП Е НАДВОР ОД ЖИВОТНА ОПАСНОСТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

Ученикот што вчера попладне падна од прозорец од трети кат на основното училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп се наоѓа во стабилна здравствена состојба и е надвор од животна опасност. Ова денеска за „360 степени“ го изјави директорот на Клиниката за детска хирургија, д-р Лазе Јовчевски, посочувајќи дека детето е примено во болницата во текот на вчерашното дежурство.

„Направени се сите потребни прегледи и снимања. Детето е надвор од животна опасност. Има повреди на пршлените и на петиците на нозете. Ќе ја следиме неговата состојба“рече д-р Јовчевски.

Како што објави порталот „Маркукуле“, ученикот по падот веднаш бил префрлен во прилепската болница, а потоа е транспортиран на Детска хирургија во Скопје.
Според информации на ТВ Канал 5, несреќата се случила за време на големиот одмор во втората смена, кога најголем дел од учениците биле излезени во дворот на училиштето.

Засега не се познати причините на несреќата.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ