УХМР : ОД УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

0
447

Од утре па се до средината на следната седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер. Постабилно ќе биде само во недела, кога ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки
грмежи.