Thursday, February 6, 2025
9.8 C
Skopje

УХМР ИЗДАДЕ ПОРТОКАЛОВ АЛАРМ ЗА СНЕЖНА БУРА ВО МАКЕДОНИЈА

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска во ноќните часови ќе има врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Утре (12.01) во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м²). Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и за над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег.

Во Скопје почнувајќи од денеска во ноќните часови и во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од снег, повремено пообилни. До утре изутрина ќе се формира снежна покривка која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повремен снег ќе има и во понеделник. Поради ваквите временски услови УХМР издаде портокалов аларм за најголем дел од територијата на земјава.

ОВАА НЕДЕЛА

ОЈО: СОПРУГАТА НА ПЕЦЕ МИРЧЕСКИ КОРИСТЕЛА ВОЗИЛА СО ШОФЕР ОД ФИРМА СО КОЈА ТОЈ СКЛУЧУВАЛ ТЕНДЕРИ

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно...

ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 47 ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на...

ТЕПАЧКА МЕЃУ ДВАЈЦА ДОКТОРИ ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП

Секторот за внатрешни работи во Штип информираше за пријава...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ