УТРОВО ПУКАНО ВО ТАТКОТО НА ИСЧЕЗНАТИОТ САМОИЛ КОСТАДИНОВСКИ, БРАТ НА СОПРУГАТА НА ЉУБЕ БОШКОВСКИ

0
697
Утрово околу 8 и 30 часот во скопската населба Лисиче е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, кој е исчезнат веќе четврти месец, пренесува „Фокус“.Според нашите информации, во него пукал непознат, кој со мотор се движел во близина на семејната куќа во Лисиче.

Нашите извори тврдат дека таткото на исчезнатиот Самиол непосредно пред пукањето бил пред пицеријата во близина на куќата, кај што живеел.

Во моментот е префрлен во болница.

Веќе неколку месеци нема ни трага, ни глас од исчезнатиот Самоил, кој е внук на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе Бошковски.Од МВР потврдуваат дека се случил инцидент, но повеќе детали најавија во текот на денот.