Утре (Четврток) Шарена револуција и во Крива Паланка

0
559

05.05.2016г, Четврток, 18:00 часот.

Собирно место: Пред пицерија Елит (Ромски дол)

Од тука колоната ќе се движи по главната улица, се до општинската зграда каде е сместена канцеларијата на пратеничката од Крива Паланка, која гласаше за распуштање на парламентот и одржување на брзи избори на 5-ти јуни, без да се прочисти избирачкиот список и да се регулира медиумскиот простор.

Граѓаните мирно и достоинствено ќе го искажат своето разочарување од одлуката на Ѓорѓе Иванов да ги помилува криминалците од власта обвинети од Специјалното Јавно Обвинителство, за фалсификување на избори, местење тендери, вршење тортура и сл.

Затоа ќе се побара итно повлекување на срамната одлука за аболиција, оставка од Ѓорѓе Иванов, повлекување на одлуката за одржување на избори на 5-ти јуни, како и изразување на поддршка на СЈО да ги истражи и процесуира сите случаи каде се инволвирани поранешните и сегашни функционери од власта.