Утре со почеток во 13:30 во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржи ,,Новогодишна Зоо Бајка”

0
96

„Новогодишна Зоо Бајка“ утре во Скопје Зоо 

Традиционално, трета година по ред во Зоолошката градина во Скопје се одржува настанот „Новогодишна Зоо Бајка“. Во пресрет на Нова година, најмалите ќе имаат можност да уживаат во детска претстава, а потоа и доаѓање на Дедо Мраз со волшебното вовче.  Сите деца ќе добијат подароци и пакетчиња, а влезот за настанот е 80 денари.

Настанот ќе биде по сите здравствени протоколи, безбеден за сите и на отворено. Носењето маска е задолжително.

Поради временските неприлики, „Новогодишна Зоо Бајка“ наместо на првично најавениот датум 27.12, се префрла за 28.12 ( понеделник), со почеток во 13:30.