Tuesday, April 29, 2025
6.8 C
Skopje

Утре во Охрид нова „бомба”, а потоа „Марш на вистината” и говор на Заев на плоштад

Утре, во 14 часот од Охрид ќе пукне новата 21-ва „бомба“ на СДСМ, во рамките на проектот „Вистината за Македонија“.

Како што известуваат од СДСМ-Охрид, прес конференцијата ќе се одржи во 14 часот во Хотел Ривиера а на неа ќе се обрати претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев.

sdsm12

Се работи за тематска прес конференција посветена на локални теми, намногу околу изборите во Охрид, слично како што се правеа пресови и за други градови во земјава.

Исто така, СДСМ утре во Охрид ќе организира и Марш на вистината, кој ќе започне во 18:30 часот на плоштадот Крушевска република, кај чинарот. Маршот ќе заврши на градскиот плоштад, со обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој и претходно ја најави „бомбата“ за Охрид, од трибината која се случи во градот во декември.

– Ова што ви се случи во 2013 и 2014 година не е пораз, туку кражба. Кога ќе ги обелодениме доказите ќе видите дека вие сте победници. Но кога ќе слушне Бакрачески како во 2013 година станал градоначалник и како победил, не знам како ќе достои на својата позиција – истакна Заев тогаш.

ОВАА НЕДЕЛА

ДРАМСКИ ТЕАТАР НЕ ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“, ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НОВ КОНКУРС

Драмски театар Скопје не ја додели наградата „Горан Стефановски“...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ