Уставниот суд бидејќи не мисли повторно побара мислење од Собранието за Законот за помилување

0
498

Уставниот суд повторно побара мислење од Собранието на Република Македонија за законот со кој на претседателот на државата му се ускратени уставните права, сo што тој не може да помилува лица осудени за изборни неправилности и педофили, јавува „Мета“.

Собранието има рок од седум до 30 дена да се изјасни и да даде свое мислење.

Собранието и Владата се изјаснија и оценија дека не треба да се менува или преиначува спорниот член од важечкиот Закон за помилување.

Инаку, во следната фаза судијата известител, по добивањето мислење од парламентот, ќе поднесе предмет за кој со просто мнозинство уставните судии ќе треба да одлучат дали ќе го уважат, нема да го уважат или ќе го отфрлат предлогот за менување на правата што законски од 2009 година му се ускратени на шефот на државата.

Извор: Мета