Викендов во Скопје во СЦ Јане Сандански започна пингпонгарското првенство,каде се одигра првото коло од Супер лигата и Прва лига.Вице шампионот од минатата сезона Младост96 имаше успешен старт на првенството и со резултат 4-2 извојува победа над екипата на Радовиш.Настапија Лашкоски кој извојува две победи Стомнароски со една победа и новиот играч на клубот Нико Доага кој извојува една победа.
Резерва на денешниот натпревар беше Александар Рикалоски.Иако ослабени за натпреварот без странците , браќата Влада и Ѓорѓе Борчиќ,како и без Петар Костовски ,екипата покажа дека и оваа година главна цел ќе биде титулата.Наредниот турнус се игра на 20 Октомври во СЦ Јане Сандански со екипите на Телеком Нец 2 и Берово.