Како што рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција во Владата, со дополнетиот буџет се обезбедуваат средства за исплата на плати и набавка на опрема.
-ДИК доби дополнителни 350 милиони денари, Инспекцискиот совет 147 милиони, МВР 60 милиони за набавка на материјали за лични документи, МАНУ 18,7 милиони за научно-истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавка на опрема, информира министерката.
Димитриеска-Кочоска посочи дека дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 ќе биде доставен на разгледување и усвојување во Собранието.