Уредникот на Слободен Печат, Сашо Кокаланов откри чудо во кафаната Пелистер во Скопје: Секоја стота порција јајца на око била само со едно јајце на око?!

0
1655

sashokokalanov

Интересен податок изнесе во својата колумна уредникот на Слободен Печат, и главен мафијаш во Коза Ностра порталот, Сашо Кокаланов:

Редовни посетители на ресторанот „Пелистер“ во доверба ни тврдат дека откако Цар Самоил го преместија од плоштад во дворот на ресторанот забележале чудна, несекојдневна појава – секоја стота порција јајца на око послужена во поранешниот „Дал Метфу“ има само едно јајце на око. Научниците засега немаат објаснување за овој феномен. Се чека да го објасни историчарката Виолета Ачкоска, а експертите Ристо Никовски и Тања Каракамишева веќе излегоа со изјави дека тоа е добро за народот, зашто во едно јајце има помалку холестерол отколку во две.

Повеќе за ова на следниов линк ОВДЕ