УПРАВНИОТ СОВЕТ НА АА ПРЕДЛАГА НОВИ МИНИСТРИ ЗА ЗДРАВСТВО И ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

0
242

Владејачката партија Алијанса за Албанците предмалку преку соопштение предлага нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација
„Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:

– За министер за здравство се предлага познатиот лекар г-дин Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.

– За министер за информатичко општество и администрација се предлага г-дин Наим Бајрами, магистер по политички науки“ стои во соопштението.

Од Владата се уште нема информација, дали техничкиот премиер го примил предлогот за разрешување на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити и дали ќе биде проследен до Собранието кое одлучува за министерските позиции.Инаку, не во сабота во Скопје, туку утре во Куманово – лидерот на Алијанса за Албанците – Арбен Таравари ги кани членовите на Централното собрание на седница, два дена порано од веќе закажаната од Зијадин Села.