Wednesday, May 14, 2025
10.4 C
Skopje

УНИШТЕНИ СЕ 1.740 КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА ПРЕД ВЕЛИГДЕН, ВЕЛАТ ОД АХВ

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбедност на храната и техничките услови во објектите.

4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале санитарни книшки со истечен рок на важност, информираат од АХВ.

Велат „Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај осум, биле пронајдени несоодветно означени производи“. „За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување.

За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25 400 евра во денарска противвредност. Нештетно се уништени 1 740 килограми небезбедна храна“ соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ