Унитети: Пратениците Албанци го докажаа својот вазален однос кон македонскиот партнер

0
339

Политичката партија Унитети остро реагира на дволичното однесување на двете албански парламентарни партии ДУИ и ДПА, потписнички на политичкиот договор „Пржино”, во врска со законите кои ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Нема никакво оправдување за пратениците Албанци, чии партии постојано изјавуваат дека ја поддржуваат работата на СЈО, додека истите не ги поддржуваат законските измени за ова прашање и со своето делување се штитат себе си, а го штитат и македонскиот партнер. Ова уште еднаш го потврдува нивниот вазален однос кон македонскиот партнер, но и стравот од губење на власта и од владеењето на правдата“, вели Унитети во соопштението и уште еднаш ја изрази поддршката за работата на СЈО.

„Во нашата земја криминалците треба да бидат осудени и уапсени додека невините да бидат ослободени од затворите. Без правда не може да има ниту демократија“, соопшти Унитети.