УНИВЕРЗИТЕТОТ НА МЕРКО ЌЕ ‘ОБРАЗУВА’ ЛЕКАРИ : РАМИЗОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СТРУГА НА НЕГОВ СОПАРТИЕЦ МИНИСТЕР ИЗДАЛ ЛИЦЕНЦА ЗА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

0
78

Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, добива нова образовна гранка, Факултет за здравствени науки. Вакво решение донесе министерот за образование и наука во заминување е Јетон Шаќири, кој по потекло исто така е од Струга и е сопартиец со Мерко во ДУИ.

Идните студенти ќе може да ги изучуваат медицинските науки во оваа приватна високообразовна установа која располага и со Факултет за економски науки, Правен факултет, Факултет за информатички технологии и Факултет за политички науки.

Министерството за образование и наука утврдило дека се исполнети условите за почеток со работа на Факултетот за здравствени науки при Меѓународниот Универзитет во Cтруга. Позитивно мислење дале Агенцијата за квалитет на високо образовани и Одборот за акредитација.

Во Македонија има неколку медицински факултети, вклучувајќи го Медицинскиот факултет во Скопје, Штип и Тетово. Овие факултети обезбедуваат образование во области како општа медицина, стручни медицински сестри/техничари, радиолошки технолози, логопедија и физиотерапевти. Минатата година дозвола за основање на Факултет за здравствени науки доби Приватната високообразовна установа Меѓународен универзитет „Визион“ во Гостивар.