Wednesday, June 18, 2025
32.8 C
Skopje

УНАПРЕДУВАЊЕ НА БИЛАТЕРАЛНАТА СОРАБОТКА И ПОДДРШКА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ, ВО ФОКУСОТ НА ПОСЕТАТА НА МУЦУНСКИ ВО ПАРИЗ

Во рамки на работната посета на Париз, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, оствари одделни средби со претседателката на Интерпарламентарната група за пријателство Франција – Западен Балкан, сенаторката Марта де Сидрак, и со советникот на францускиот претседател Емануел Макрон за Континентална Европа и Турција, Бертран Бишвалтер.

На средбата во францускиот Сенат, како што соопшти МНР, било истакнато значењето на парламентарната дипломатија во градењето на стабилни и севкупни односи меѓу двете земји. Се разговарало за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, како и за можностите за унапредување на парламентарната соработка и продлабочување на политичките и економските врски. Посебен акцент бил ставен на доследната поддршка од француска страна за македонските евроинтеграции.

На средбата со советникот Бишвалтер, посочуваат од Министерството, биле отворени прашања од заеднички интерес, вклучително и актуелните геополитички предизвици во Европа, важноста на регионалната соработка, партнерството и придонесот на Република Северна Македонија во рамките на НАТО Алијансата, како и понатамошното јакнење на соработка во контекст на европската и регионалната стабилност.

Министерот Муцунски ја реафирмирал стратешката ориентација на државата кон членството во Европската Унија, како и континуираната посветеност на реформските процеси и на добрососедските односи. Воедно, била потврдена значајната улога на Франција како силен поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија и на регионот, со цврста определба оваа поддршка да продолжи со несмален интензитет и во наредниот период.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАГЕДИЈА: ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА НА ГРЧКА ПЛАЖА

Пребарај.. МАКФАКС РЕГИОН Трагедија во Грција: Србинка пронајдена мртва на плажа во...

ВОЛСТРИТ ЖУРНАЛ: НА ИЗРАЕЛ МУ СНЕМУВА ОДБРАНБЕНИ ПРЕСРЕТНУВАЧИ НА РАКЕТИ

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се...

ОСУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Вкупно 28 лица побарале евакуација по воените дејствија. Втората...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ