Унапредувањето на средното стручно образование и потребниот кадар на пазарот на трудот, тема на денешната дебата во Општина Прилеп

0
845

Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, денеска во Општина Прилеп согласно протоколите за заштита од Ковид 19 се одржа јавна дискусија во насока на доближување на потребите на компаниите од една и средните стручни училишта од друга страна, а со цел создавање на стручно образование коешто ќе профилира кадар кој му е потребен на реалниот сектор.

На јавната дебата присуствуваа Министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалниците на општините Прилеп и Крушево, директорката на Државниот испитен центар, претставници од Стопанската комора, директори на средните стручни училишта и претставници од бизнис секторот.