Wednesday, April 30, 2025
19.8 C
Skopje

УЛИЧНО КУЧЕ ИЗГРИЗА ДЕТЕ НА ПЛОШТАДОТ ВО БИТОЛА, ИМА ПОВРЕДИ НА ЧЕЛОТО

Улично куче нападнало осумгодишно дете на плоштадот во Битола. Детето со повреди на челото било хоспитализирано, а по медицинската помош е пуштено дома.

Од Општина Битола реагираа за случајот и изразија далбоко жалење, а во соопштението испратено до медиумите велат дека во денешниот контакт со родителите, градоначалникот Тони Коњановски бил информиран дека детето се чувствува добро, но сѐ уште е исплашено после вчерашната случка. Коњановски, посакувајќи му брзо закрепнување на детето, во разговорот со родителите нагласил дека Општината интензивно работи на решавање на проблемот со бездомните кучиња.

„Во координација со Комуналец, Општина Битола веќе ги презема сите потребни мерки за спречување на вакви случаи. Овој инцидент уште еднаш ја потенцира потребата од систематско и долгорочно решение на проблемот со бездомните кучиња.
Прифатилиштето ‘Хачико’, кое започна со работа во октомври 2024 година, претставува важен чекор во воспоставувањето организиран пристап за справување со оваа проблематика“, соопштија од Општината.

ОВАА НЕДЕЛА

АКСИОС: ТРАМП МУ РЕКОЛ НА ЗЕЛЕНСКИ ВО ВАТИКАН ДЕКА САД, А НЕ УКРАИНА, ЌЕ ГО ПРИЗНААТ КРИМ

„Според неименуваниот извор, Зеленски повторил за време на состанокот...

ФИЛКОВ СО ОСУДА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ ВО ОРЕШАНИ

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето...

КОЦЕВСКИ: ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОРА ДА ЗАВРШИ ДО 16 -17 ЈУНИ

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека истрагата...

КУМАНОВСКИОТ ОЏАЧАР ДИНО ВО ХУМАНА МИСИЈА ЗА КОЧАНИ

Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познато како...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ