УЛИЧНИ КУЧИЊА ИСКАСАЛЕ 31 ГОДИШНА АКТИВИСТКА ЗА ЗАШТИТА НА КУЧИЊАТА СО ШТО И НАНЕЛЕ ДЛАБОКИ РАНИ И КРВАРЕЊЕ – НАПАДОТ СЕ СЛУЧИЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СТРУГА

0
227

Според информациите девојката ја нападнале 6 кучиња скитници. Едното куче ја каснало за ногата нанесувајќи ѝ длабоки рани со крварење, а друго ја искасало за рака, при што се здобила со видливи повреди.

Проблемот со кучињата скитници во Струга не стивнува, а порталот Охриднет објави дека вчера имало напад во центарот на градот врз активистка за заштита на уличните кучиња.Како што објави Охриднет, жртва на агресивните кучиња била неформалната активистка за заштита на кучињата скитници од Струга, Нела Стојанова која вчера околу 17 часот пред мезе бар БараБар беше нападната 31 годишната девојка.

Според информациите девојката ја нападнале 6 кучиња скитници. Едното куче ја каснало за ногата нанесувајќи ѝ длабоки рани со крварење, а друго ја искасало за рака, при што се здобила со видливи повреди.Девојката, како што пренесува порталот, побарала помош од блиски, кои ја однеле во хируршкото одделение во струшката болница каде и биле санирани раните, а потоа била препратена во одделението за имунизација да прими вакцини против тетанус и беснило.

Градот Струга веќе подолго време има проблем со кучињата скитници и речиси секојдневно се објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи од глутници кои ги тероризираат стружани, а неодамна имаше пријава од страна на МВР до граѓанин кој со пушка ги убивал кучињата. Ставовите во врска со овој проблем во Стргуа се спротивставени, дел од граѓаните бараат решение, а активисти бараат заштита на кучињата.