Фото : Ал Џезира
Голем пожар избувна во нафтена рафинерија во рускиот град Рјазан, по напад со дрон, јавуваат руските медиуми. Рафинеријата Рјазан, една од најголемите во Русија, има капацитет да преработува 17 милиони тони нафта годишно. Според информациите што ги пренесува рускиот Телеграмски канал Астра, жителите пријавиле експлозии и обид за напад со дрон врз рафинеријата нешто пред 1 часот по полноќ. Гувернерот на регионот Рјазан, Павло Малков, потврди дека руските единици за воздушна одбрана одбиле напади со беспилотни летала во областа.
Украинскиот функционер Андриј Коваленко, задолжен за борба против дезинформациите, објави видео на својот канал Телеграм на кое наводно се гледа пожар во рафинерија откако била погодена од дронови. Иако Астра потврди дека снимката е автентична, поради времето на нападот, не може со сигурност да се утврди дали пожарот бил предизвикан од новиот напад на 26 јануари или претходниот удар на 24 јануари, пишува Ројтерс, пишува Вечерњи. .
Рафинеријата Рјазан, една од најголемите во Русија, има капацитет да преработува 17 милиони тони нафта годишно. Украина смета дека рафинериите и складиштата за нафта се легитимни воени цели поради нивната улога во финансирањето на руските вооружени сили. Рафинеријата произведува гориво за воена опрема, авиони, тенкови и бродови.
Украйны нисгэгчгүй онгоцууд хэдхэн хоногийн дотор Рязань дахь газрын тос боловсруулах үйлдвэр рүү хоёр дахь удаагаа дайрчээ.#DroneAttacks #Ruzzia #Ukraine #Ryazan #UkraineRussiaWar #UkraineWarNews pic.twitter.com/WcfVqtONAd
— Бэкү (@BaatarMongol77) January 26, 2025
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта уништиле 15 украински беспилотни летала над регионите Рјазан, Курск и Белгород. Во исто време, украинските сили тврдат дека уништиле три руски извидувачки беспилотни летала во областа Краматорск. Ситуацијата и понатаму е напната, а украинските и руските власти продолжуваат со обвинувања и контрамерки во контекст на сè поинтензивни напади врз стратешки објекти.