Wednesday, May 14, 2025
10.4 C
Skopje

УКИНАТ Е ПРИТВОРОТ ЗА СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ОСОМНИЧЕНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Укинат е притворот за сите полициски службеници осомничени за трагедијата во Кочани.

Во денешната постапка на предлог на јавниот обвинител на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост и тоа: одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиште, повремено јавување на службено лице во судот, забрана за комуникација со останатите осомничени и забрана за вршење дејности на работното место кои се поврзани со предметното кривично дело, судијата го прифати предлогот и на петмина им ги определи погоренаведените мерки, додека на еден осомничен (пензионер) му определи мерка забрана за комуникација со останатите осомничени бидејќи останатите три мерки за ова лице се активни во предмет од 2019 година.

Воедно, на предлог на обвинителот со оглед дека истекува притворот за осомничените опфатени со претходната истрага истиот е укинат и им се изречени истите мерки на претпазливост.

Мерката забрана за вршење професија е изречена во зависност од тоа дали осомничените се уште се во работен однос или во пензија.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ