Убиен Командант Шчипоња – главниот кандидат за претседател на ДУИ во Куманово

0
575

Денеска попладне околу 16 часот, убиен е Џемаил Реџепи – Командант Шчипоња, главниот претендент за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ, објави Лајм.

shqiponja_941102222

Очевидци на настанот, за Лајм информирале дека во истиот инцидент се ранети двајца поддржувачи на Шчипоња, Шефки Реџепи и Гани Демири.

Според првичните информации, во него пукале приврзаниците на Бајрам Лимани, кој пред еден месец беше именуван за претседател на огранокот на ДУИ во Куманово, од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Реџепи не се согласуваше со ова именување, и бараше претседателот на огранокот да биде избран на редовно изборно собрание.

На местото каде што е убиен во Куманово, тој требало да се сретне со Лимани, за да се координират во врска со изборот на претседател на огранокот. МВР го потврди за Лајм убиството на Џемаил Реџепи.