УА ЛОПОВИ: Хохштаплерите и „експертите “ да се предадат на органите за кривично гонење!

0
1011

parno

Бомба – Уа лопови – 5

Ние во минатата бомба 4 дадовме несобориви докази како хохштаплерите и „ експертите “ мамеа и крадеа. И еве штте еднаш ќе ги повикаме овие криминаци да се предадат на органите за кривично гонење.
Во Кривичниот законик за делото измама е посветен членот 247 кој гласи -(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со парична казна или со затвор до три

години. Став (4) Ако сторената штета надминува значителна врсдност, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

Знам дека се разочаравте – десет години затвор е многу мала казна за злосторството што го направија овие криминалци, а камо ли помала. Тие не мачеа и понижуваа. Тие не направија да живееме без парно.

Тие мачеа и понижуваа илјадници граѓани и соодветна казна би била смрт со јавно стрелање, како на плакатот кој го покажавме минатата недела. Но да оставиме на Јавниот обвинител кон ова дело да придружи и делото мачење и други дела. Тоа му е нему занимање – ние не сме правници

Затоа денешнава бомба ја посветуваме на маките и понижувањата кои ги доживеаја скопјани.

Секој од нас знае зошто се исклучил. Минатата сабота го слушнавме Велимир кој објасни дека се исклучил затоа што добивал сметки од 6-7000 месечно. Ве повикувам секој кој сака да раскаже или уште подобро да напише зошто се исклучил. Тие текстови ќе ги објавиме на интернет

Јас се исклучив уште 2008. Тогаш добив писмо од Топлификација, во кое ме известија дека мерачите покажале дека наводно сум потрошил 20% повеќе енергија одколку претходната грејна сезона и ми пратија 3 пати повисоки сметки. Бидејќи сум професионалец знаев дека секоја година се троши наполно исто количество топлина и веднаш знаев дека се работи за измама. Веднаш вложив приговор кој Топлификација го одби и потоа веднаш се исклучив. Јас не сум добивал сметки од 6-7000 месечно. Но моите соседи добиваа такви сметки.
Точноста на било кое мерење се проверува со друго мерење – Тоа го знаат сите освен „ експертите “. 20 илјади граѓани се исклучија а никогаш не е проверена точноста на мерењето.
Пред неколку дена сретнав еден мој драг, неколку години постар, колега кој ми раскажа дека за својот стан добивал сметки од десет илјади месечно. И помислив ако месечно плаќал десет илјади, тоа е годишно 120 илјади, а со тие пари можат да се купат речиси пет тони мазут. Со парите кои годишно ги плаќал Велимир, можат да се купат речиси четири тони мазут или 40 кубици огревно дрво. Па има ли некој будала да поверува дека за затоплување на станот на Велимир се потребни 40 кубици дрво годишно. Нема таков будала, освен „ експертите “ од регулаторна. А можеби ниту тие не биле будали, туку ги наполниле џеповите со крадени пари. Ова е многу веројатно тие силно се збогатија.Тоа ќе се биде предмет на кривичната постапка. Кривичната постапка почува со истрага

Пред да почете да ги раскажувате вашите искуства еве неколку искуства кои ги забележија медијумите.

На 12. 01. 2012 на Сител е објавена вест со наслов Топлификација испрати за 210% повисока сметка за парно чии автор е Марина Доковска ( ги наведувам авторите на текстовите за да судот може да ги повика како сведоци )

http://sitel.com.mk/toplifikacija-isprati-za-210-povisoka-s…

Во написот може да се прочита, дека граѓанинот Гавриловски добил 210% повисока сметка, Се обратил на Топлификација, одговорот од таму бил дека можеби некој од соседите краде од неговата топлина.

Ете видовте, Топлификација самата признава дека некој краде.

На 27. 12. 2011 Утрински весник објави напис со наслов ПОЛОВИНА ПЛАТА ЗА ПАРНО И ЗА СТРУЈА чии автор е Маја Томиќ
http://www.utrinski.mk/…

Во написот се вели: Граѓаните се повторно во шок и се чудат како и дали ќе можат да си ги платат сметките со своите просечни плати од 300 евра, од кои половината одат за сметки. А, компаниите, монополи на македонскиот пазар, како да немаат воопшто чувство за животниот стандард. Каде е општествената одговорност на Владата, на компаниите и на Регулаторната комисија за енергетика? Сите си ги поставуваат овие прашања по вчерашната прес-конференција во РКЕ, на која претседателот Димитар Петров како за малку да сакаше да ни каже дека треба да се радуваме. Бидејќи поскапувањата ќе биле двојно поголеми ако РКЕ им ги прифатила на компаниите нивните пресметки за трошоците.

Ете треба уште да му се заблагодариме на овој „ експерт “.

Во Дневник на 27. 06. 2008 е објавен напис со наслов ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ ОД МОНОПОЛОТ НА КОМПАНИЈАТА чии автор е Марјан Блажевски

http://www.dnevnik.mk/default.asp…

Во тој напис може да се прочита: „Топлификација“ наплаќа и за исклучено парно Во Регулаторната комисија велат дека не се законски ниту пресметката на сметките за станови по калориметар ниту плаќањето за исклучено греење

Во написот може да се прочита изјава на наш сограѓанин кој рекол: „ За тие пари ќе имам подобро греење на струја, а ќе плаќам само во зимските месеци. Вака плаќам цела година, а затоплувањето не е како што треба. Кога прашав во „Топлификација“ што треба да направам за да ме исклучат, ми рекоа дека ќе треба и натаму да плаќам половина од сметката иако нема да ме греат. Тоа е апсурд. Некој мора да реагира – вели Игор Манасиев од скопската населба Карпош.Во Регулаторната комисија за енергетика велат дека не се законски ниту пресметката на сметките за станови по калориметар ниту плаќањето за исклучено греење.

Ете вака зборуваше Регулаторна во 2008 – „не се законски ниту пресметката на сметките за станови по калориметар ниту плаќањето за исклучено греење“ – а знаете што зборуваат сега.

Напис во Сител 11. 01. 2012, со наслов Шокантни сметки за парно, чии автор е Марина Доковска
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/shokantni-smetki-za-parno

Во написот се вели: „ Топлификација ги шокираше граѓаните со декемвриските сметки за парно. Компанијата деновиве испратила речиси двојно повисоки фактури до корисниците.Најголеми поплаки стигнаа од општината Аеродром. Оваа жена пред два дена добила фактура од снабдување исток зголемена за речиси 70%. За Ноември платила 3080 денари, а за Декември треба да плати 5020 денари. Револтирана таа но и нејзините соседи веднаш поднеле барање за откажување на парното. Драстично повиски сметки од претходните стигнале и кај останатите станари во нејзината околина.
Анонимен корисник преку електронска пошта испратил сметка до Сител, која исто така е зголемена за околу 70%. За 66 квадртани метри плаќа 6 500 денари, наместо 3700.“
Интерсно е што овој напис е објавен во рубриката „ бизнис “, требале да го објават во рубриката „ црна хроника “ бидејќи се рабпти за криминал

На 17. 01. 2012 во Журнал е објавен напис во кој има изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика

http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2012117204031

А тој вели: – „ Граѓаните мора да ги платат сметките за потрошена топлинска енергија, без разлика што истите се повисоки од вообичаените, рече денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров.

Од РКЕ велат дека новите повисоки сметки за топлинска енергија не се должат на последното одобрено зголемување на цената на топлинската енергија, туку се резултат на вообичаеното читање на калориметрите на крајот на годината и порамнување на потрошеното и платеното.

„Со повисоките сметки доаѓа до израз исклучувањето на корисниците во зградите од системот за греење и преземањето на обврската од оние кои останале да ја платат вкупната топлинска енергија што се потрошила во зградата“, рече ПетровСо повисоките сметки доаѓа до израз исклучувањето на корисниците во зградите.

Ете слушнавте како „ експертот “ го реши проблемот – Со повисоките сметки доаѓа до израз исклучувањето на корисниците во зградите. Тој вели не се мерачите, не е крадењето, туку се исклучените виновници за високоте сметки на приклучените

Ние се исклучивме да избегаме од крадењето а слушнавте што вели „ експертот “. Во Бомбата 4 дадовме докази кои не можат да се побијат за криминалот на хохштаплерите и „ експертите “, а денес само повторно ги повикуваме да се предадат на органите за кривично гонење.

Топлификација испрати за 210% повисока сметка за парно

http://sitel.com.mk/toplifikacija-isprati-za-210-povisoka-smetka-za-parno-0

Извор Фејбук група на УА ЛОПОВИ