УАПСЕН 19 ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ ДИЛЕР НА ДРОГА

0
342

МВР информира дека денеска (04.01.2024) полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Т.(19) од Битола.

Имено,по добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кај М.Т.(19) од Битола .

При претрес во домот пронајдена е марихуана, дигитална вага со траги од марихуана, метална дробилка, како и пиротехнички средства.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.