Раде Штекли, за кој се смета дека е лидер на криминална група со над десетина членови, беше уапсен под сомнение за организирање и учество во трговија со наркотични средства. Министерството за внатрешни работи (МВР) и Бирото за јавна безбедност активно работат на лоцирање и апсење на сите членови од неговата група.
Според официјалните извори, Штекли бил приведен во близина на хотел во околината на Гевгелија, додека се обидувал да избега. Раде Трајковски Штекли е познат по своите конфликти со нарко-картели, што го направи цел на повеќе обиди за ликвидација.Апсењето на Раде Штекли е дел од континуираните активности на МВР за сузбивање на организираниот криминал, веднаш по неодамнешната успешна акција против арачиновската група Беланоца.