Припадниците на Министерството за внатрешни работи по налог на Обвинителството на БиХ, го уапсија министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, поради корупциски скандал за време на мандатот како директор на „Патишта на Република Српска“.
Нешиќ најпрвин не им беше достапен на судските и полициските органи и најави дека сам ќе дојде на рочиштето. Тој во моментов е на распит, но официјално не е соопштено каде се наоѓа.
Обвинителството на БиХ соопшти дека освен Нешиќ, уапсени се Младен Лучиќ, како и актуелниот директор на „Патишта на Република Српска“ Милан Дакиќ и уште четири лица.