Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

УАПСЕН МУХАМЕД ЉАМАЛАРИ, ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА РУШЕЊЕТО НА ЗАШТИТЕНИОТ ОБЈЕКТ ВО СКОПСКАТА ЧАРШИЈА

Oколу 13:20 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 42-годишниот Мухамед Љамалари од Скопје, во хотел на подрачјето на Бит Пазар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи за ТВ21, Љамалари бил баран по централна потерница, издадена со судска наредба за издржување мерка притвор поради сомнение за сторени кривични дела согласно член 394 (злосторничко здружување), член 353 (злоупотреба на службената положба и овластување) и член 264 (повреда на јавниот ред и мир) од Кривичниот законик.

Лицето било задржано во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

Љамалари во својство на претседател на Одборот на директори на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор ја формирал и организирал групата која дејствувала, велеа од Обвинителството.

„Тој иако знаел дека хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да извршат негово противправно рушење и уништување“, соопштија тогаш од Јавното обвнителство.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ