Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

УАПСЕН Е ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОР, ПРИМАЛ ПОТКУП

МВР информира дека вчера во 12 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш – Отсек за економски криминал го лишија од слобода К.Ѓ. (33) од село Подареш, Радовишко, вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор – Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“ по член 357, а во врска член 45 од Кривичниот закон.

Според информациите на МВР, вчера осомничениот од двајца жители на Радовишко примил 3.000 денари, кои претходно ги побарал од нив за да не констатира прекршок согласно Законот за изменување и дополнување на законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност, односно за да не преземе службено дејствие кое бил должен да го изврши.

Во моментот кога е лишен од слобода, кај него се пронајдени парите кои ги примил како поткуп.

Од дополнително преземените мерки и активности било утврдено дека К.Ѓ. во периодот од јуни до ноември 2023 година во повеќе наврати од жители на Радовиш и Радовишко примил пари во вкупен износ од 18.000 денари и 150 евра како поткуп. Во еден случај примил поткуп за да не констатира прекршок по извршен надзор, а во останатите случаи поткупот го примил со цел да не изврши надзор кој бил должен да го изврши.

К.Ѓ. е задржан во Полициската станица Радовиш и ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ