УАПСЕН ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЗЕМАЛ 200 ЕВРА МИТО ОД ГАЗДА НА КИЧЕВСКИ АВТО ПЛАЦ

0
393

Инспектор на Државниот инспекторат за животна средина денеска е уапсен во Кичево поради примање поткуп, откако бил фатен со пари кои претходно ги обележала полицијата.

Неофицијално, според извори од истрагата, парите, две банкноти од по 100 евра, на инспекторот му ги дал сопственик на авто-плац во Кичево. Инспекторот, требало за возврат да не изврши контрола на плацот, на кој се продавале делови за половни возила.

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека денешното апсење е доказ за решеноста да се пресметаат со корупцијата и да ја вратат довербата во институциите.

Од ДИЖС очекуваат надлежните органи детално да го истражат случајот со цел негово решавање во согласност со законот.

-Нема да дозволиме злоупотреби на службената положба. Одлучни сме да застанеме на патот на корупцијата која е составен дел на криминалот во животната средина, се вели во соопштението.

Од Државниот инспекторат за животна средина посочуваат дека го осудуваат секој обид на инспекторите да остварат материјална корист од прикривање законски прекршувања на загадувачите.