зминатиот викенд апсење во Кисел Вода за групна тепачка, нотирано е во полицискиот билтен.
Како што информираа од полицијата, во саботата во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.А.(26), О.А.(25) и Р.С.(23), сите од Скопје поради тоа што на 08.11.2024 околу 23 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар физички ги нападнале Т.Г.(24), Ј.Ш.(30), Е.С.(28), О.С.(27), Ф.Г.(27), Ф.Ј.(25), М.М.(28), Е.Ч.(25), Д.М.(27), Б.П.(25) и Е.Ќ.(26), сите од Р.Турција, а со престој во Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.