Tuesday, January 21, 2025
3.8 C
Skopje

УАПСЕНИ ПЕЦЕ МАТЕВСКИ И ВАСКО КОВАЧЕВСКИ? ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА КРИМИНАЛ ВО РЕК, ВКУПНО 29 ПРИВЕДЕНИ

Поранешениот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е еден од десетината уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино, неофицијално дознава Фокус.

Од МВР најавуваат детали за подоцна, а она што засега е познато дека уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови.

-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.

Според првичните неофицијални информации, се истражуваат сомнителни јавни набавки, тешки неколку милиони евра.

Со мега акцијата на МВР се опфатени вкупно 29 физички и 4 правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје, пренесе Либертас

Покрај Ковачевски, осомничен за кривичното дело Несовесно работење во службата, на списокот на осомничени е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ.

Со акцијата е опфатен и Пеце Матевски од Битола, поранешен директор на РЕК Битола.

Стефанов и Матевски се осомничени дека помогнале да се злоупотреби постапка за јавен повик, како членови на злосторничко здружение.

Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба.

Станува збор за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви за РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј, при што осомничените членови на злосторничкото здружение нанеле штета и стекнале противправна имотна корист од околу 6,5 милиони евра.

Како организатор на злосторничкото здружение е осомничено лицето Данчо Стојановски од Велес, кој бил комерцијален директор на ЕСМ пред Муча. Во потрага по докази, отворени се два сефа на Данчо Стојановски.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА 1600-ТЕ НАПАЃАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет...

МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН Н СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МАКЕДОНИЈА 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД,...

ИЛИЕВСКИ : ЗАБЕГАНА Е НАЈАВАТА НА ВЛАСТА ЗА КУПУВАЊЕ НОВ АВИОН

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Скандалозна...

ИЛИЕВСКИ : СКАНДАЛ ВО СОЗР, РОДНИНИ НА ТОМОВСКИ ДЕЛ ОД ТЕНДЕР ВРЕДЕН 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани медиуми, На...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ