УАПСЕНА ДЕВОЈКА ОД КОЧАНИ, ИСТЕПАЛА И ОГРАБИЛА ПОСТАРА ЖЕНА ОД ШТИП

0
112

Приведена е девојка од Кочани поради разбојништво, соопшти полицијата.

МВР информира дека вчера, во 16 часот, на улицата „Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за општ криминал и Полициската станица Штип при СВР Штип ја лишиле од слобода 23-годишната Џ. С. од Кочани.

-Таа се сомничи дека на 15.5.2024 извршила кривично дело разбојништво над Л. М. (69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи“, соопшти МВР.

Џ. С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ. С. ќе биде поднесена соодветна пријава.