Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

ТУШЕВСКА : ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ Е ПОСВЕТЕНА ПОДЕДНАКВО НА СИТЕ ОПШТИНИ, ОТВОРАЈЌИ ИМ МОЖНОСТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРОЕКТИ

Како пратеник од Валандово сакам да дадам едно кратко потсетување на граѓаните, поднесениот амандман само ја покажува неспособноста за работење на опозицијата. Односно, последните седум години бевте централна власт, а веќе седум години имате и локална власт во Валандово, вели Јулија Тушевска, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната амандманска расправа на Комисијата за финансирање и буџет.

Таа појаснува дека локалната власт во Валандово е предводена од градоначалник кој доаѓа од редовите на СДС и истиот не успеал да го реализира проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води, а сега опозициската СДС поднесува амандман токму за ова.

„Имено, во финансираните проекти од Владата за оваа година и Валандово е општина која доби средства за изградба на капела на градски гробишта во износ од 18 милиони денари. Ова ја покажува посветеноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дека сите општини, без разлика на која политичка определба спаѓа локалната власт, ќе добијат средства“, јасна е Тушевска.

Тушевска истовремено информира дека во наредната година ќе бидат обезбедени уште 250 милиони евра за Општина Валандово, па така и самата општина ќе биде во можност да аплицира за проектот за пречистителна станица и истиот да го добие.

„Така да, тргнувајќи од оваа година и во наредните, на сите општини им се отвораат нови можности да ги реализираат приоритетните проекти и да им се подобрат основните услови за живеење и создавање нови можности за граѓаните“, заклучува Тушевска.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ