Wednesday, November 6, 2024
14.8 C
Skopje

ТУРЦИТЕ ГО ОДВРЗАА ЧЕКМЕЖЕТО И ДОНИРАА ВРЕДНА И СКАПА ИНФОРМАТИЧКА ОПРЕМА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЗАТВОРИ

Дo Управата за извршување на санкциите денеска доби информатичка опрема – донација од турската владина Агенција за соработка и координација – ТИКА, којашто ќе биде распоредена во сите казнено поправни установи во Република Македонија.

Станува збор за донација на информатичка опрема за потребите на казнено поправните и воспитно поправните установи, од кои 134 компјутери, 88 печатачи, четири скенери и два фотокопира. Опремата ќе биде доделена на сите 12 затвори на територијата на Република Македонија.

На официјалното примопредавање денеска во казнено-поправниот дом Идризово присуствуваше министерката за правда, проф. д-р Рената Дескоска, придружена од директорот на Управата за извршување на санкциите г. Јовица Стојановиќ, а донацијата ја предаде г-дин Ајтекин Ајден, координатор на ТИКА за Република Македонија. На примопредавањето присуствуваа и директорите на сите К.П.У во Република Македонија.

Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека процесот на подобрување на условите во казнено-поправните домови е веќе започнат. „Една од целите на Владата на Република Македонија е создавање на достоинствени услови за извршување на казната затвор, а соработката со други меѓународни институции и партнери во оваа насока е секогаш ценета и добредојдена. Владата на Република Македонија инвестира во подобрување на условите во затворите, а ова подобрување се надевам ќе биде забележано и во извештаите во кои оценката за реалната состојба за условите во затворите е загрижувачка. Дескоска се заблагодари за помошта која ТИКА ја инвестирала во казнено-поправните домови и во правосудството.

Директорот на Управата за извршување на санкциите г. Јовица Стојановиќ истакна дека со обезбедување на потребната информатичка опрема во казнено-поправните установи значително ќе се подобри ефикасноста при извршувањето на тековните работни задачи во установите и дека таа ќе им служи и на лицата кои ја извршуваат казната затвор.

По завршувањето на примопредавањето, министерката за правда Рената Дескоска изврши увид на активностите кои ги презема Управата за извршување на санкциите во насока на подобрување на условите и го посети новоизграденото, полуотворено одделение во К.П.Д Идризово.

Со почит,

Министерство за правда

ОВАА НЕДЕЛА

ГОРИ БЕЗИСТЕНОТ ВО СТРУГА

Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото...

ТРАМП ОСВОИ ПОБЕДА ВО ПЕНСИЛВАНИЈА И Е НА ЧЕКОР ДО НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ

Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ