ТУРСКИТЕ МЕДИУМИ ГО СПРУЖИЈА ПАЛЧО НА НАСЛОВНА – ,,ФАШИСТИЧКИ ПОЛИТИЧАР, УБИЕЦ НА ДЕЦА”

0
929

Додека се чека да биде испорачан од Турција во Македонија, Љупчо Палевски-Палчо, се најде на насловните страници и на турските медиуми, пишува Фактор.

Го нарекуваат „фашистички политичар“, убиец на дете и на постар човек.

Фашистички политичар баран за убиства на две лица, меѓу кои и 14-годишно девојче, фатен во Турција.

Љупчо Палевски, лидер на екстремно десничарска партија во Северна Македонија и баран за убиства на две лица, меѓу кои и 14-годишно девојче, е приведен во градот Беликесир во Турција.

По овој настан што го вознемири целиот Балкан, пишуваат турските медиуми, полицијата во Македонија во рамки на истрагата за убиствата има четворица осомничени, меѓу кои и таткото на девојчето.

Веќе се спремаат документите за екстрадиција и се очекува уште денеска Турција да го предаде убиецот на македонските власти