ТУПАНЧЕВСКИ, ФЕТАИ И НАНЕВ ГО ПРЕКРШИЛЕ ЕТИЧКИОТ КОДЕКС, ПРИМИЛЕ ПОДАРОК ПОГОЛЕМ ОД 50 ЕВРА, ЛЕТАЛЕ НА СМЕТКА НА ФФМ И ДОБИЛЕ БЕСПЛАТНА ВЛЕЗНИЦА

0
316

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи вчера ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација, пренесува МКД.

На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март. Министерот за правда Никола Тупанчески, иако вети, вчера не покажа никаква уплатница за покривање на трошоците за престојот во Палермо од приватната трансакциска сметка.

Присуството во авионот за чартер-летот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за натпреварот на македонската фудбалска репрезентација со Италија во Палермо (24 март) на неколкумина актуелни и поранешни функционери отвори бројни морални прашања.

Откако се објави фотографијата како од ложата за ВИП гости од стадионот во Палермо навиваат вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи, Никола Тупанчески, министерот за правда и Лазар Нанев, претседател на Општинскиот суд во Кавадарци се постави прашањето на чиј трошок биле таму.

МКД.мк објави дека во авионот со македонските репрезентативци патувале и Рамиз Меко, градоначалникот на Струга, Никола Бакрачевски, поранешен градоначалник на Охрид и член на Етичкиот одбор на ФФМ и Владо Бучковски, поранешен македонски премиер, со двајцата синови.