ТУПАНЧЕВСКИ ВО ДВОДНЕВНА РАБОТНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

0
514

Почитувани

Ве известуваме дека министерот за правда Никола Тупанчески на 5 и 6 декември ќе престојува во дводневна работна посета на Република Хрватска. За време на посетата Тупанчески ќе оствари билатерална  средба со министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица.

Целта на посетата е продлабочување на меѓусебната соработка во областа на правдата и евроинтегративните процеси. Двајцата министри ќе се обратат и на Загребско-скопскиот колоквиум кој ќе се одржи на Правниот  факултет во Загреб.