Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

ТРУЕЊЕТО ВО РЕКАТА КРИВА РЕКА ОД ТОРАНИЦА ГО ИМАЛО И ДОСЕГА, И ТОА УШТЕ ОД 2011 ГОДИНА

Извештајот од испитаните примероци на водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажаа дека концентрацијата на олово е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот. Казна е изречена но ова не е гаранција дека вакво излевање на штетни материи нема да се сслучи и натаму, судејќи по инцидентите досега.

Имњено,  ова не е прва еколошка катастрофа, а потсетувањето на претходните само потврдува дека овој рудник е постојана еколошка закана.

На 12 ноември во 2011 година имало идентична еколошка катастрофа како и оваа годинава. Јаловина со отровни материи од рудникот се излеале од рудникот „Тораница“. Отровни материи како арсен, олово, цинк кадмиум и нус-продукти од процесот на експлоатација на рудата директно се излеале во Крива Река и предизвикала еколошка катастрофа, чии последици ќе се чувствуваат следните неколку децнии, пишуваа тогаш медиумите. И тогаш жителите на Крива Паланка нагласуваа дека истурање на отровни материи од рудникот имало и порано.

Една година подоцна, во мај 2012, јаловишна маса истекла на површина од 200-300 метри на асфалтниот пат на два км од рудникот. Вработените навреме реагирале и спречиле јаловината да заврши во Тораничка и Крива река. За еколошкиот инцидент биле известени надлежните инспекциски органи од државата и општината, кои извршиле увид. Подоцнежните испитувања покажаа зголемена концентрација на тешки метали во земјата и реките во околина на рудникот.

Во 2019 година во рудникот Тораница, при поставување експлозивни средства за минирање во јама се случи несреќа во која беа повредени тројца рудари од овој рудник, а еден рудар почина.И тогаш јавноста и стручните луѓе предупредија на слабостите на безбедносните протоколи во работата на рудникот.

ОВАА НЕДЕЛА

ДРАМСКИ ТЕАТАР НЕ ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“, ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НОВ КОНКУРС

Драмски театар Скопје не ја додели наградата „Горан Стефановски“...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ