Тројца тинејџери од Маџари се вистински херои: Од утро до вечер им помагаат на своите сограѓани настрадани од поплавите

0
747

На родителите им кажувале дека одат да играат во училишниот двор, а тие цел ден растовараат хуманитарна помош. Виктор, Матеј и Марко од утро до вечер им помагаат на своите сограѓани во пунктот на Црвениот крст. Жалат што нивните другарчиња одат голи и боси, а некои ги изгубија своите најблиски и домови. Највозрасниот меѓу нив има 14 години, а најмалиот 10. Сторијата за овие момчиња ја објави МРТ.

„Донирав чевли, храна, паковка вода, и едни мои пижами, за некое дете што е поплавено…“

„Донесов маички, облека за бебињата, количка, навлаки и мене ми беше жал бидејќи другарчињата мои се поплавени, изгубиле некои работи и дојдов тука да помогнам, растоваравме…“

„Многу ми падна жал бидејќи многу луѓе ги изгубија куќите. Работиме цел ден, носиме, истовараме“, велат малите херои.