ТРОЈЦАТА МУСКЕТАРИ, СПАСОВСКИ, МАКСО И ЗАЕВ ПРИСУТНИ НА РЕКОНСТРУИРАНО ФУДБАЛСКО – РАКОМЕТНО ИГРАЛИШТЕ ВО СОКОЛАНА, КУМАНОВО

0
331

Особено сум горд што вечерва присуствував во моето Куманово на настан по повод првата фаза од целосната реконструкција на игралиштето за фудбал и ракомет во Соколана, еден од најубавите спортски објекти во државата.

Ги враќаме сјајот на Соколана и на некогашните натрепавари и други културни манифестации, игранки кои се одржуваа тука, со целосна реконструкција на објектот, со современи игралишта со акрилна подлога, проширени трибини и дополнителна инфраструктурна опрема како осветлување и заштитна ограда.

Како Влада во 2019 година ја вративме Соколана на користење на Општина Куманово, односно на граѓаните на нашиот град е вратен објектот кој буди спомени и историја и преку Агенцијата за млади и спорт, ја поддржавме неговата обнова и ставање во полна функција за да го вратиме некогашниот дух на кумановскиот спортски ентузијазам.

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.