ТРОГАТЕЛНА ИСПОВЕД НА СКОПСКИ БИЗНИСМЕН : Власта на Груевски и Мијалков ми го уништија бизнисот, бидејки одбив да донирам за ВМРО-ДПМНЕ

0
716

Имав добар бизнис,имав неколку дуќани. Заработував доста солидно се додека не се појавија на мојата врата 2ца непознати лица,кои се преставија дека се луѓе блиски до власта. Им понудив кафе и сок,сепак бев достоинствен и културен и ги угостив иако воопшто неќам политика односно луѓе блиски до некоја политичка партија. Беа директни и ми рекоа да уплатам толку и толку на таа сметка,иако сумата не беше премногу висока од разлика на мојот промет односно заработка, јас ги одбив,но тогаш почна кошмарот на мојот бизнис. Започнаа да ми праќаат инспекции,плаќав премногу високи казни,дури завршив на суд,потоа одлучив да ги затворам дуќаните и бев приморан да прекинам со долгогодишниот бизнис поради навистина банални причини. Еве какви луѓе владеат со оваа држава,место да те мотивираат во бизнисот они дури те уништуваат,со самото затварање на мојот но и на многу други бизниси ширум земјава,прават штета само на државата.