Забрзано согорување на мастите и метаболизам кој работи како швајцарски саат? Постои „волшебен“ напиток кој ќе ви помогне во тоа. Сепак, мора да поведете сметка за тоа што и колку јадете.
Овој чај гарантира потенка половина за само неколку недели, а за подготовка ви се потребни само три состојки кои заедно прават „чуда“. Станува збор за зелен чај, цимет и ловоров лист.
Првите резултати се видливи само после седум дена, а најдобро од се е што оваа ефикасна мешавина ќе ви помогне да се ослободите од мастите токму од оние места кадешто се тие најмногу сконцентрирани.
Метаболзимот е најдобро да го разработите уште наутро, па идеален период за консумација на овој еликсир за слабеење, е токму утрото. Во текот на денот морате да испиете уште две шолји чај, најдобро е попладне и навечер.
- Потребни состојки:
- 800 мл вода
- стапче цимет
- 3 ловорови листа
- зелен чај (рефус)
*оваа количина е доволна за еден ден
Приготвување:
Ставете ја водата да зоврие на шпоретот, па додадете го стапчето цимет, 3 ловорови листа и супена лажица зелен чај. Поклопете и оставете да отстои барем 15 минути, па исцедете.
Убавина и Здравје