ТРИ ЛИЦА ОД СКОПЈЕ ИСКАСАНИ ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ

0
644

Три жители на главниот град, вчера пријавиле дека се каснати од бездомни кучиња, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Во 9 часот во Полициската станица Аеродром А.М.(28) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во близина на мост на река Вардар, била касната од куче скитник. Во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба А.С.(45) од Скопје, пријавила дека на ул.„Финска“ била касната од куче скитник.

Во 21.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Ѓ.М.(77) од Скопје пријавил дека на ул.„Тиранска“ бил каснат од куче скитник“, додаваат од МВР.