БОМБА ОД КРИВИЧЕН : Три години затвор за случајот ,,Титаник 2″ за Тачи Војвода, Сашо Мијалков и екс пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Анета Стефановска

0
1514

Три години затвор за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, а три години и два месеци затвор за лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими е осуден на четири години и шест месеци  затвор, а членовите Анета СтефановскаВлатко Сајковски и Сашо Срцев добија по три години затвор.

Ова е пресудата за случајот „Титаник 2“, односно за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, која денеска беше објавена во Кривичниот суд, од судијата Огнен Ставрев.

На Мијалков, според кривичното дело за кое се гони „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 5 в.в. со став 4 од КЗ, му се закануваше затворска казна од 1 до 5 години затвор.

На Тачи и на останатите обвинети, членови на ДИК, им се закануваше казна затвор од најмалку пет години, бидејќи беа обвинети за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Извор : Фокус