ТРИЧКО : ЧЕСТИТКИ ДО ГЕРО КИКИФРИКИ И ИВОНА ТАЛЕВСКА СО ЦВЕТНА ТЕЛЕГРАМА

0
642

Честитки за Геро

Испратив цветни телеграми по повод признанието на МАН за развојот и слободата на новинарството и медиумите во Македонија (не северна).

На добитникот Бранко Геровски и на Ивона Талеска која била доволно концентрирана и благородна да не згреши и наградата да му ја бапне на Љупчо Златев, на пример.

Можеле апликацијата да ја направат на малку подобра графичка основа, како што одговара на грандиозното дело на Кикифрии, вака тоа картонче ми изгледа како кафеански подметнувач за брза храна.

Како и да е, господине Геро, нека ти се множат наградите.

Кога ќе умреш ќе направиме една спомен соба кај што младите ќе одат и ќе учат какви се говњари истрпела Македонија.

И како можат лесно да успеат во животот.

Дека вредноста е вредност ако има цена.

Дека државата што не може да ја продаде, вреди помалку од секој Македонец.

И обратно.

Нох ајнмал: Честитки!

Фејсбук статус на Бранко Тричковски