ТРИЧКО: СТЕВО ГО ИЗБРКА ВМРО ОД КРУШЕВО, КИКИФРИКИ НА АПАРАТИ

0
1186

Стево го избрка вмро од Крушево

Кикифрики не бара од дивите свињи да се култивираат, да престанат да ја уништуваат пченката, да ги газат стеблата и да ги ждерат класјата, Кикифрики смета дека дивите свињи имаат право да ја уништуваат животната средина, а пченката е таа која треба да се прилагоди на потребите на дивите свињи.

Така некако изгледа пораката што Кикифрики му ја упатува на Пендаривски, демек, да востанел човекот и да се фиксирал на Мечкин камен како мета во која човеколиките свињи на комитлакот ќе стрелаат со плунки, балгами, шлајмови, со пцости, со урлици и други врескави ономатопеи.

Не макар еднаш во годината да се упристојат. Ако можел Глигоров да ги издржи, мора да може и Стево. Стево да востанал на првата борбена линија против дивите свињи на Кикифрики. Да не смее да трепне додека мокрите празнења на свињите му се цедат низ лицето и телото. Да ја обединел нацијата во исцедоците на вмро.

Ти, бре, не си Кикифрики, ти си Фрик од Кики.
Мицковски изјави дека вмро нема да учествува во програмата на Пендаровски. Не му текнува дека тоа и беше целта на новиот концепт.

По Бахтијар паша, Стево е првиот висок државен службеник кој го избркал вмро од Крушево.

Да се надеваме дека ќе го пропади и од Македонија.

Фејсбук статус на Бранко Тричковски.